Владата на Турција ќе преземе мерки против оние кои се вклучени во грабежи и други злосторства во окрузите погодени од разорните земјотреси. Ова во саботата го изјави Реџеп Ердоган, пренесе Ројтерс. Турскиот претседател зборуваше за време на посетата на подрачјата погодени од земјотресот.

 

„Прогласивме вонредна состојба. Отсега луѓето кои учествуваат во грабежи и киднапирања треба да знаат дека рацете на државата ќе стигнат“, рече категорично тој. 

 

Според портпаролот на вооружените сили, причината се „зголемените потешкотии на полето на безбедноста“.

 

Ердоган, исто така, рече дека стотици илјади згради во јужна Турција станаа непогодни за живеење и вети дека властите ќе преземат чекори за обнова на уништените градови во рок од неколку недели.

„Планираме обнова на стотици илјади згради. Ќе преземеме конкретни чекори во рок од неколку недели“, рече турскиот претседател.