Според информациите од сеизмолошката опсерваторија Кандили, земјотресот бил со јачина од 7,5 степени.
Нов разурнувачки земјотрес со јачина од 7,8 степени е регистриран денеска во јужната област Кахраманмарас, јави турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк, повикувајќи се на Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Според информациите од сеизмолошката опсерваторија Кандили, земјотресот бил со јачина од 7,5 степени.
Потресот е регистриран во градот Елбистан во 13:23 часот по локално време (12:23 часот). Земјотресот беше почувствуван во многу окрузи во Турција.
Ова е уште еден разорен земјотрес во областа денеска.
Во 04:17 часот (3:17 часот по бугарско време) земјотрес со јачина од 7,7 степени се случи во градот Пазарџак, област Кахраманмараш. Првично беше објавено дека земјотресот бил со јачина од 7,4 степени, но Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) потоа ја ревидираше својата првична проценка, јавува Anadolu Agency.