АЈДЕ ДА ГИ СПОДЕЛИМЕ ОВИЕ МОМЦИ ДА СЛУШНЕ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА! Храбри Македонци: Пожарникари од Струмица заминуваат во Турција да помогнат

viber sharing button

 

Осум пожарникари од ТППЕ Струмица ќе заминат во спасувачка мисија во подрачјето погодено од силниот земјотрес во Турција. Тие ќе бидат во состав на тимот за пребарување и спасување од урнатини (USAR тим), кој е во состав на Републичките сили за заштита и спасување при Владата на Република Северна Македонија.

 

 

го соопшти градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кој истакна дека спасувачите ќе им помогнат на настраданите во земјотресот.

-Нашите пожарникари се специјално обучени за вакви непогоди и имаат искуство од земјотресот во Албанија, напиша Костадинов.

Додава дека таквите катастрофи само укажуваат на фактот колку е немоќно човештвото пред моќта на природата и нејзините законитости.

-Но, во исто време, таквите случувања даваат до знаење колку треба да бидеме хумани и одговорни пред големите предизвици, да бидеме луѓе за луѓето, посочува струмичкиот градоначалник.

Тој на сите граѓани од Турција и Сирија, особено на оние од погодените подрачја од земјотресот, им изрази најдлабоко сочувство за големите човечки и материјални загуби.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа