Прочитај за: < 1 минутаБугарскиот пратеник Ангел Ѓорѓиев и уште петмина во моментов се наоѓаат во Основниот суд во Крива Паланка, каде пред судија на претходна постапка ќе се одлучува за превземање на мерки за обезбедување на бугарските државјани кои попладнево нападнаа цариник, а на двајца полициски службеници на граничниот премин „Деве Баир“ им нанесоа тешки телесни повреди, објави Инфомакс.
На Бугарскиот пратеник Ангел Ѓорѓиев но и на останатите бугарски државјани им согласно Кривичниот закон во член 383 став 3 им се заканува казна затвор од една до 10 години.
„…Ако при извршувањето на делото од став 1 на службеното лице или на лицето кое помага му е нанесена тешка телесна повреда, сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години…“ – стои во став 3 од член 383 од Кривичниот закон на Р.Македонија.