СЕГА ЌЕ ВИДИТЕ ШТО ЗНАЧИ ВОЈНА! Путин со страшна закана поради снабдувањето со тенкови Леопард-2 на Украина ВИДЕО
Повторно ни се закануваат германски тенкови Леопард, но оваа војна ќе биде поинаква за нив, имаме што да одговориме, се закани рускиот претседател
Рускиот претседател Владимир Путин е бесен што Западот се согласил да и испорача на Украина тенкови Леопард-2. Ова стана јасно од неговата изјава во Волгоград, пренесе УНИАН.
„Неверојатно, но факт: повторно ни се закануваат германски тенкови Леопард, на кои има крстови. И тие повторно ќе се борат против Русија на територијата на Украина со рацете на следбениците на хитлерците – бандеритите. рече Путин.
Тој го изјави ова на прославата на 80-годишнината од победата во битката кај Сталинград, во која беше поразена една од најмоќните хитлерови групи, а фелдмаршалот Паулус беше заробен.
Рускиот претседател смета дека таквите акции покажуваат непријателски чекори што некои земји ги преземаат кон Руската Федерација. Но, во исто време, тој побрза да увери дека Русија има пријателски земји.
Путин вели дека Западот се надева дека испраќањето оружје во Украина ќе помогне да се победи Русија, но додаде дека „оваа војна ќе биде многу поинаква за нив“.
„Ние не ги испраќаме нашите тенкови до нивните граници, но имаме со што да одговориме. И овој одговор нема да заврши само со употреба на оклопни возила. Секој мора да го разбере ова“, предупреди Путин.
Превод и уредување: БЛИЦ