ПО ФОРМИРАЊЕ НА СРПСКИТЕ ОПШТИНИ ВО КОСОВО, АЛБАНЕЦ БАРА ДА СЕ ФОРМИРА И ЗАЕДНИЦА НА АЛБАНСКИ ОПШТИНИ ВИ МАКЕДОНИЈА И РЕПУБЛИКА ИЛИРИДА

„Едноетничката асоцијација во Косово ќе произведе војни и последици во сиот Балкан. Ќе се создаде и Република Илирида.“ – реагира д-р Мухамер Пајазити, универзитетски професор по евроинтеграции во својата објава на фејсбук во врска со барањата на Србија да се формира „Заедницата на српски општини“ на северот од Косово.

 

Во својата објава на фејсбук, која ја пренесе информативната агенција на албански јазик ИНА, Пајазити пишува: Таквата едноетничка асоцијација ќе поттикне да се создаде Република Илирида (во западниот дел на Македонија), да се прогласат Република Источно Косово во Прешевската долина и Република Санџак (во Србија), Република Чамерија (во Грција)… и др..

 

Ако пропадне концептот на мултиетничките држави и ако се создаде српскиот свет, тогаш Албанците ќе се борат до крај за Природна Албанија.

 

Заради стабилноста, не треба повеќе да се дозволува српската хегемонија во Балканот. Злосторствата и српскиот геноцид повеќе никој нема да го дозволи. Албанците треба да бидат обединети, но и да ја зголемат соработката со народите во регионот, кои ни сакаат добро.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа