МЕГА НУКЛЕАРКА ПО СИНОВИТЕ НА ЗАРВ И АХМЕТИ, ФИРМА ЗА СТРУЈА НИКНА И ВО ДОМОТ НА БОЧВАРСКИ

 

Според податоците во централниот регистар, сопственик на новата фирма од Штип е „Техноинвест Штип“, претпријатие кое се наоѓа на истата адреса на којашто живее и Венцислав Бочварски. Фирмата е регистрирана со почетен влог од 442.800 денари со поднесено барање за основање на 10 јануари.

Откако во бизнисот со електрична енергија неодамна влегоа синовите на Зоран Заев и на Али Ахмети, како и сопругата на премиерот Димитар Ковачевски, сега и Венцислав Бочварски, таткото на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, стана управител на новоформираната фирма за производство на електрична енергија Техно Енерџи, објави Фактор.

 

Според податоците во централниот регистар, сопственик на новата фирма од Штип е „Техноинвест Штип“, претпријатие кое се наоѓа на истата адреса на којашто живее и Венцислав Бочварски. Фирмата е регистрирана со почетен влог од 442.800 денари со поднесено барање за основање на 10 јануари.

 

Регистрирана е на 26-ти јануари, а дејност ѝ е производство на електрична енергија.

Според порталот Фактор, дoсега единствената фирма на таткото Бочварски која беше позната во јавноста е Де Лукс Доо, споменувана во критиките на опозицијата дека учествува на јавни набавки додека синот Благој извршува функции.

 

Како сопственици на енергетски фирми во изминатите неколку месеци се појавија многу блиски роднини на актуелни или поранешни владеачки функционери. Енерегетски компании за производство на струја отворија синот на екс премиерот Зоран Заев, се откри дека сопругата на актуелниот премиер Димитар Ковачевски има удел во енергетска компанија формирана неколку недели по неговото назначување за заменик министер за финансии, а на крајот на минатата година своја фирма отвори и синот на Али Ахмети.

 

Трендот го продолжи таткото на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа