МАКЕДОНСКИТЕ БУГАРИ СТИГНАА ВО БРИСЕЛ И СЕ ПОЖАЛИА ОД ВЛАСТА! НИ ГИ ЗАТВАРААТ КЛУБОВИТЕ

17

Претставници на Бугарите од Македонија на еврокомесар за проширување Оливер Вархеи денеска му се пожалиле дека „повеќе од 2 години“ се обидувале дека сакаат да водат дијалог со властите во земјава, но – безуспешно и дека наместо да бидат вклучени во Уставот, власта носи закони со кои им ги забранувала клубовите.

 

 



„На комесарот Оливер Вархеи му кажавме дека сме тука затоа што нема дијалог меѓу претставниците на властите во РСМ и бугарската заедница во земјата.“ изјавија за БГНЕС Петар Колев, Георги Трендафилов и Љубчо Георгиевски по денешната средба со Вархеји во Брисел.

 



„Парламентот во РСМ наместо да работи на измени за вклучување на Бугарите во Уставот со цел побрзо отпочнување на преговорите со ЕУ, донесува законска регулатива со цел затворање на клубовите на локалните Бугари во РСМ“ изјавиле тие за бугарската агенција.

 



„Очекуваме во следниот ЕК извештај за напредокот на РСМ да ги вклучи прашањата за кои разговаравме на оваа средба“, велат тројцата претставници на Бугарите од Македонија.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Пристапете директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа