МВР ималo список од стотина за „третирање“: Приведен Македонец кој на фејсбук најавил присуство на гробот на Гоце Делчев
„Во полициска станица сум на распит чекам да дојдат од компјутерски криминал, Беше полиција кај мене дома да ме спроведат, Моментално сум во станица чекам за распит“, е пораката што Драган Угриновски од Тврдокорни ја пратил до свој пријател, објави денешен.мк.
Според тоа што го кажал, Угриновски е приведен од дома, а причината е најавата за собирање на 4 февруари во црквата Св. Спас на гробот на Гоце Делчев.
Неофицијално, МВР им на список поголем број лица, над 100-тина, кои ќе бидат „третирани“ поради 4 февруари и собирот на гробот на Гоце Делчев.