Вашингтон со предупредување до Северна Македонија: Намалете ја реториката кон Бугарија и тензиите, во спротивно…
Ставот е на Стејт департментот кој нагласува дека иднината на РСМ е во ЕУ
Портпаролот на американскиот Стејт департмент повика на намалување на тензиите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија, пишува БГНЕС.
„Ги повикуваме Бугарија и Република Македонија да ја намалат реториката меѓу нив и брзо да ги решат своите билатерални спорови. Ова го изјави портпаролот на Стејт департментот за „Гласот на Америка“ во одговор на прашањето „Како ќе ја коментира одлуката на властите во Софија да го повлечат својот амбасадор од Скопје“.
„Иднината на Република Северна Македонија е во Европската Унија. Соединетите Држави продолжуваат да ја поддржуваат целосната евроатлантска интеграција на земјата“, се вели во соопштението на Стејт департментот.
БЛИЦ потсетува дека тензијата меѓу двете земји нагло порасна откако во Охрид брутално беше претепан Христијан Пендиков, секретар на бугарското здружение во градот.
Според обвинителството во градот, тој бил нападнат затоа што отворено ја изјавувал својата бугарска етничка припадност. Пендиков е на лекување на Медицинската академија во Софија.