Алтернатива незадоволна што Алијанса им ги зема ресорите: Ние сè уште не го добивме договореното, сега ни велат да ги пуштиме и ова што ги имаме. Како да им веруваме на овие луѓе?
Зеќирија Ибрахими од Алтернатива вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека договорот за коалиција го потпишале со поранешниот премиер Зоран Заев, од кого побарале гаранции дека ќе биде испочитуван и од новиот премиер Димитар Ковачевски.
„Договорот за коалицирање го потпишавме со Заев, од кого побаравме гаранции дека ќе биде испочитуван и од новиот премиер Ковачевски. Ни беше ветено дека тоа што е договорено и потпишано ќе важи до наредните избори. Сега некој преговара за нашите позиции без да не информира. Не е политички коректно“, вели Ибрахими.