Шокантно видео го потресе светот: Директор на Фајзер признава дека работеле на идеја за намерна мутација на коронавирусот
Прочитај за: < 1 минута„Проект Веритас“ го извади досега можеби најшокантното видео од нивните андеркавер соработници. Во него, Џош Вокер, директор на „истражување и развој, стратешки операции и мРНК научно планирање“ во Фајзер, низ шега и смеа признава дека во компанијата си играат со идејата за намерна мутација на коронавирусот.
Во видеото ќе слушнете и ова:
Знаете дека вирусот мутира, така? Една од работите која ја истражуваме е зошто ние самите да не го мутираме вирусот, за да можеме превентивно да развиеме вакцина? Ако тоа го правиме, постои ризик бидејќи како што можеш да замислиш, никој не би сакал Големата Фармација да го мутира ебениот вирус.
Да бидеме искрени, тоа е многу добро за индустријата. Лошо е за сите други.
Не кажувај никому… ама ризично е… треба да имаш големи контрола за да бидеш сигурен дека вирусот кој го мутираш нема да создаде нешто како… како што, претпоставувам, вирусот стартуваше во Вухан, бидејќи нема никаква логика вирусот да се појави од нигде никаде.“
Како тоа се прави?
Би го ставиле вирусот во мајмуни и би ги оставиле меѓусебно да се заразуваат. Потоа од нив би земале примероци и позаразните примероци, би ги ставале во други мајмуни и така постојано активно би го мутирале вирусот.
„Овие луѓе немаат никаков морален компас,“ коментира доктор Малоун.
Претходно, Веритас снимија Фајзерци како признаваат дека природниот имунититет е поквалитетен од вакциналниот.
„Фармацевтскиот гигант Фајзер чија вакцина за ковид почна да го освојува светот ја има платено најголемата отштета во областа на здравствената заштита: изброија 2,3 милијарди долари само во еден случај. А тоа ни оддалеку не е сè. Компанијата има повеќе пријави од оној со платформите на Матка“, пишавме во статијата Гревовите на Фајзер