Бујар Османи кај Мишко вели дека Македонија била географски регион. Не Бујар, грешка си, Македонија е држава, империја а не регион! Од тоа се плашите од тој збор ИМПЕРИЈА и затоа ништите се Македонско.

1,107
Бујар Османи кај Мишко вели дека Македонија била географски регион.
Не Бујар, грешка си, Македонија е држава, империја а не регион! Од тоа се плашите од тој збор ИМПЕРИЈА и затоа ништите се Македонско.
Ако, но да знаете Македонија е неуништива! Ќе мора сите еден ден да лижете каде што денес плукате. Бугарија, Грција, Албанија и Србија еден ден ќе мора да ги вратат деловите кои им се дадени на тацна. Ќе им биде болно, многу болно! Ќе има плачење, врискање, закани а може дури и убиства, но од природата и судбината не се бега. Македонскиот народ, а не етничка заедница како што вели Османи, доволно страда со векови. Правдата мора да победи и неправдата да се исправи.
Само обединета заедничка Македонија на секој Македонец без разлика на род и вероисповед може да допринесе за мир, безбеден и просперитетен Балкан, а потоа Европа. Денес кога падот на глобалистичките западни политики се одвива забрзано не е возможно да се согледаат работите објективно. На сите емоциите, вклучувајќи го и Османи, им се на највисок степен. Затоа и е инсталиран да допринесе во процесот на бришење на Македонија и Македонскиот народ. Стравот од незнајното што понатаму, им е поголем од се. Индиферентната и нестабилна иднина им се голем проблем и затоа сега прават што е можно поголема штета, но забораваат дека колку поголема штетата толку поголема не само земската казна, туку и Божјата. Господе Боже благослови ги Македонија и Македонскиот народ! Македонија цела и вечна!
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Пристапете директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа