СПОДЕЛЕТЕ ДА НЕ ИМА ШТО ПОВЕЌЕ ЗА ДА ГИ ПРЕЧЕКАМЕ БУГАРИТЕ! ПОВИК ЗА МОБИЛИЗАЦИЈА НА ГРОБОТ ОД ДЕЛЧЕВ НА 4 ТИ ФЕВРУАРИ
На социјалните мрежи се шират информации дека се организира македонски собир на 4 февруари на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас” во Скопје.
„Слушам дека разни негатори и бугарски инсталации се спремаат да положат цвеќе на гробот на Гоце Делчев на 4 февруари. Јас и Патриотскиот институт на ВМРО ќе бидеме таму од раните утрински часови затоа што Гоце е Македонија, а Македонија е Гоце! Почитувајте го Гоце како Македонец роден во Македонија и никако поинаку!”, објави Александар Пандов на Фејсбук.
Групи граѓани од Софија на 4 февруари треба со автобуси да допатуваат на гробот на Делчев во Скопје.
Во вторникот, Виктор Стојанов, претседател на фондацијата „Македонија“, на својот Фејсбук профил прв најави дека на 4 февруари годинава ќе биде организиран превоз на Бугари кои ќе сакаат да се поклонат на гробот на Гоце Делчев во Скопје.
Тој ги повика сите Бугари да ја прослават 151-годишнината од раѓањето на Делчев за кого Стојанов пишува дека е Бугарин.
„Фондацијата Македонија ги поканува сите Бугари, бугарските политички партии и невладини организации заедно да прославиме 151 година од раѓањето на бугарскиот национален револуционер Георги Делчев во Скопје! На 4 февруари (сабота) во 12 часот по локално време (13 часот бугарско)! Обезбедивме превоз со автомобил за оние кои сакаат да дојдат! Повелете масовно во Скопје да го прославиме сите заедно нашиот народен херој Георги Делчев“, се вели во објавата.