ПЛАНЕТАТА Е НА РАБ НА АМБИС, СЕ ДВИЖИМЕ КОН НЕИЗБИВНА КАТАСТРОФА! Драматична прогноза на НОАМ ЧОМСКИ: Украина е само увертира!
Светот е на работ на бездната поради зголемениот ризик од нуклеарна војна , нерешавањето на еколошките предизвици и намалената способност за рационално решавање на проблемите, предупреди познатиот американски филозоф и лингвист Ноам Чомски !
Говорејќи за руските медиуми, Чомски, кој е почесен професор по лингвистика на Државниот универзитет во Аризона, го разјасни своето апокалиптично предвидување дека човештвото е патолошки предодредено за самоуништување .
Рационална дебата
Филозофот со остар ум, иако е на средината на десеттата деценија од животот, нè потсетува дека часовникот на судниот ден, кој симболично покажува колку човештвото е блиску до Армагедон, се преселил кон полноќ, што го означува крајот на човештвото. Чомски дури сугерираше дека во следните неколку дена тој часовник би можел уште повеќе да се доближи до полноќ.
– Најголема опасност за човештвото е зголемениот ризик од нуклеарна војна, како и сериозно оштетената клима. Последниот проблем сè уште постои бидејќи државите не го прават она што знаат дека треба да го направат за да ја решат оваа криза – рече Чомски, автор на повеќе од 150 книги.
Третиот најголем проблем, продолжи тој, е „отсуството на сериозна, рационална дебата и размислување“ во комбинација со „колапсот на демократските сили“ ширум светот.
Професорот призна дека иако се чини дека оваа точка нема никаква врска со заканата од нуклеарната војна и климатските промени, рационалната дебата е „единствената надеж за справување со првите две закани“.
Остар пресврт
– Сите три закани значително се влошија во текот на изминатата година и, доколку нема остар пресврт, едноставно ќе се упатиме кон бездната, во која неизбежно ќе паднеме и тоа во не така далечна иднина – додаде Чомски.
Предупредувањето на истакнатиот филозоф дојде само неколку дена откако поранешниот руски претседател Медведев рече дека оние кои сакаат да ја победат Русија во Украина го игнорираат фактот дека поразот на нуклеарна сила во конвенционална војна може да означи почеток на нуклеарна војна. Властите во Москва постојано предупредуваат дека САД и нивните сојузници во Украина водат војна против нив.