„Шпигел“: Германските разузнавачи се вознемирени од големите загуби на АСУ во Бахмут, секој ден умираат таму над 100 војници…
Украинската армија губи трицифрен број војници секој ден, соопшти разузнавачката служба БНД пред Бундестагот.
Германската надворешна разузнавачка служба е вознемирена од загубите што ги трпи украинската армија во битките против руските сили за контрола на градот Бахмут во источна Украина, објави магазинот Шпигел, цитиран од Ројтерс.
Украинската армија губи трицифрен број војници секој ден, изјави разузнавачката служба БНД на група пратеници во Бундестагот кои се фокусираа на безбедноста на таен состанок оваа недела, пишува Шпигел, повикувајќи се на разузнавачки информации.
Б&Д предупреди дека заземањето на Бахмут од руските сили ќе има значителни последици бидејќи ќе и овозможи на Русија да продолжи да напредува. Според службата, руската армија користи свои војници како топовско месо во Бахмут, додава Шпигел.
Германското издание се осврнува и на ситуацијата во Москва по извештаите за распоредување на системи за противвоздушна одбрана во руската престолнина. Кремљ не го коментираше ова прашање.
„По ова прашање, би ве упатил до Министерството за одбрана“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на прашање на новинарите, пренесе новинската агенција Интерфакс, цитирајќи го Шпигел. Министерството е одговорно за сите прашања поврзани со безбедноста, рече тој.
Доцна синоќа на различни интернет портали се појавија фотографии од противвоздушните системи „Панцир-С“. Автентичноста на фотографиите не е официјално потврдена.