Македонската црква се распаѓа како во време на отоманска империја кога црквата била поделена меѓу патријаршисти (српска и грчко-цариградска црква) и егзархисти (бугарска), за ‘ослободувањето’ да дојде во форма на распарчувачка нова окупација

Телевизија 24: Синодот на МПЦ - ОА: Да се зачува македонскиот идентитет,  македонскиот јазик, култура и историја
ПРАВОСЛАВНОТО ‘ЕДИНСТВО’
Тргнете го вниманието од криминалната тиранија наречена ‘Република Северна Македонија’ и посветете се на ‘победоносна’ борба за афирмација на новокомпонираната МПЦ – ‘Црква на Северна Македонија’, отворено создадена под патронат на креаторите на Северната дивотворба. Разгорете притоа внатрецрковна борба помеѓу прозападни гркофили (уважени од Цариград) и проруски ‘патриоти’ (создадени од СПЦ), па да видиме кој каква чистка или капитулација ќе направи, со оглед на тоа дека Црквата никогаш не била слободна од државата, а државата ја препуштаме на квислиншки политичари под конци на Калето.
Какво УДБашко интриганство?
Уште ли некој мисли дека со противуставното откажување од автокефалноста прогласена во 1967; со прифаќањето дека православнити Епархии во Република Македонија до лани биле српски; и создавањето на нова МПЦ на ‘Северна Македонија’ од страна на СПЦ, сме влегле во некое сеправославно ‘единство’?
Тогаш зошто половина Синод прави прием за Руски владика, а другата половина бојкотира и враќа со прием за Грчки, па и двете страни во јавноста се кријат зад ненадлежни мегафони, без отворено да го потврдат или корегираат она што се збори во нивно име?
Нели Синодот едногласно го поздрави грко-цариградското коминике за влегување во ‘православно единство’ под српска канонска капа и без македонски идентитет, како што едногласно го поздрави и српскиот томос за новата автокефална МПЦ во ‘Северна Македонија’? Во какво сеправославие влегоа, за сега да тегнат на две спротивни страни? За која и чија Црква се борат меѓу себе? Кој на колку стола седи?
Такво единство ли баравте?
Ги поздравувавте кога се откажаа од слободната самоопределба и историскиот идентитет на македонскиот православен народ, за да бидат прифатени од угнетувачи на македонскиот народ. Сега добивате дораспарчување на македонскиот народ на ‘црковна’ линија, како во времето кога македонскиот отпор кон отоманската империја се ситнел со поделба меѓу патријаршисти (српска и грчко-цариградска црква) и егзархисти (бугарска), за ‘ослободувањето’ да дојде во форма на распарчувачка нова окупација.
Така кога не учите од историјата, не ги цените трудовите и саможртвата на херојските претци и сакате да создавате иднина без вистински труд.
Барем од приказната за Трите Прасенца да извлечевте поука.
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа