Уште во 1947 година, со Бледскиот договор меѓу Белград и Софија, Бугарија ги призна Македонскиот народ и Македонскиот јазик! Еве и како…
Федеративна Народна Република Југославија и Народна Република Бугарија на 1 август 1947 година во Блед, Словенија, склучија Договор за меѓусебните односи.
Според Уставот, ФНР Југославија ја застапуваше и Македонија како и останатите нејзини републики во надворешните работи.
Со Бледскиот Договор, Бугарија призна дека била окупатор во Македонија и поради тоа се задолжува да плати репарации 25 милиони долари воена штета на Југославија. Тито и’ ја простува на Бугарија репарацијата од 25 милиони долари воена штета кон Југославија, но како добра волја, Софија да ги изврши обврските за унапредување на положбата и правата на Македонците во Бугарија!
Со Бледскиот Договор, Софија ги призна Македонскиот народ и Македонскиот јазик, и се согласи на етничка и културна автономија на Македонците во Бугарија, во Пиринскиот дел од Македонија. Истовремено, Бугарија овозможи учење на Македонскиот јазик во школите, дозволи отварање на библиотеки и книжарници со литература на Македонски јазик, дозволи отворање на македонски театри во Пиринскиот дел од Македонија… Софија се согласи на територијално обединување на Пиринскиот со Вардарскиот дел од Македонија, односно со Република Македонија како држава во југословенската федерација.
Со Бледскиот договор Софија ја призна Македонската државност, Македонскиот народ и Македонскиот јазик како службен јазик во државата Македонија.
Впрочем, преку ФНР Југославија и Македонија е една од 50-те држави основачи на Организацијата на Обединетите Нации на 24 октомври 1945 година. Софија со Бледскиот договор го прифати фактот за државноста на Македонија во Обединетите Нации! За волја на вистината поради учеството на Бугарија во фашистичкиот сојуз со Германија од Втората Светска Војна, членка на Обединетите Нации стана дури на 14 декември 1955 година.
Под притисок на СССР и Сталин кој во 1948 година со Информбирото ги прекина односите си Тито и Југославија, Бугарија на 1 октомври 1949 година еднострано го раскина Бледскиот договор. Но, иако го раскина Бледскиот договор, остави резерва на оној дел, во кој Југославија и’ простува 25 милиони долари кои Бугарија требаше да ги плати како воена репарација за окупацијата врз Македонија во Втората Светска Војна.
Оттука и прашањето, кому руските комунисти и Сталин со Информбирото помогнаа? На Македонците или на Бугарија, која по барање и поддршка од Москва еднострано го раскина Бледскиот договор и ги поништи правата на Македонците во Бугарија? Настрана руската креација Голема Бугарија, која никогаш не се формира, со Санстефанскиот мировен договор од 3 март 1878 година, после Руско-Турската војна во 1877-1878 година.
Најпосле, зошто и околу што преговараат денес Македонија и Бугарија кога се’ веќе еднаш е договорено во Блед, во 1947 година, во согласност со Обединетите Нации кои, помеѓу останатото, во членот 52 на Повелбата признаваат такви регионални договори за спорни политички и меѓудржавни прашања.
Кога ќе се согледаат фактите денес, поради сервилноста на марионетската Влада на Зоран Заев и правото на вето на Бугарија за членство во Европската Унија, се наметнува прашањето, зошто Софија се обидува повторно да ги спроведе директивите на Сталин од 1948 година, односно “обвинува“ пред Брисел, дека Македонија и Македонците се измислени од КПЈ, Тито, СССР, Коминтерната и Сталин, дека Македонија е производ на Студената војна меѓу Истокот и Западот?!
Македонија мора веднаш и безусловно еднострано да го раскине Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година и да пристапи кон историско македонско-бугарско помирување и склучување на Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, но врз основниот принцип на меѓународното право на “суверена еднаквост“ што подразбира: взамено разбирање и почитување, соработка по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи на суверените држави и реципроцитет во меѓусебните односи!
Никогаш северна, само Македонија вечна од исконот до бескрајот! Амин!
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?