Санкциите се апсурдни, ништо нема да постигнеме со нив. Така не го скршија ни Слободан Милошевиќ, изјави Зоран Милановиќ
„Вашингтон и НАТО водат прокси војна против Русија со помош на Украина“. Ова го изјави хрватскиот претседател Зоран Милановиќ во неделата на прес-конференција во Вуковар, пренесува агенцијата ХИНА.
Милановиќ рече дека не гледа смисла во санкциите против Москва.
„Планот не може да биде смена на рускиот претседател Владимир Путин. Планот не може да биде поврзан со санкции. Санкциите се апсурдни, нема да постигнеме ништо со нив. Не го скршија ни Слободан Милошевиќ со санкции. Вашингтон и НАТО одат од војна во војна А што да бидам јас – роб на Америка?“, коментира тој.
Хрватската претседателка со крајно остри зборови за Украина и ЕУ
БЛИЦ потсетува дека хрватскиот претседател постојано се противел на учеството на Хрватска во мисијата за воена поддршка на Украина. Според него, тоа е „правно многу сомнително и има „опасни последици“.
„ЕУ за прв пат во својата историја учествува во војна спротивна на договорот за функционирање на ЕУ, бидејќи предвидува само мисии надвор од територијата на ЕУ“, посочи и Милановиќ.