РАСКОЛ ВО МВР: ПОЛИЦИЈАТА НЕ ФУНКЦИОНИРА ЗАТОА ШТО ТВОИТЕ НАЧАЛНИЦИ НЕМААТ НИ „П“ ОД ПОЛИЦИСКА ЕТИКА

Првиот полициски сидникалец опасно го нападна министерот Спасовски

Службата не функционира не затоа што полицаецот е неспособен, туку затоа што твојот систем, твојата систематизација, твоите началници, немаат ни „П“ од полициска етика, морал и знаење. Секојдневно потфрлувате во основната задача, создавање професионален полицаец – му се обрати Коцев на Спасовски.

Осврнувајќи се на плановите за „маaлски полицаец“, што ги најави Спасовски, Коцевски истакна дека „свесно или несвесно“ ја уништил таа служба.

– Затоа што не си водел сметка како и на кој начин се обучуваат идните полицајци, не те ни интересира дали е функционален постоечкиот капацитет, па ги испраќаш идните полицајци на улица потполно необучени и неописменети за полициска работа – му се обрати претседателот на СПМ на министерот за внатрешни работи, нагласувајќи дека сето тоа не е вина на полицаецот.

Тој истакна дека министерот не води сметка за начинот на кој началниците и командирите ја спроведуваат и организираат работа и оти сите тие се поставени на функциите лично од него.

– Службата не функционира не затоа што полицаецот е неспособен, туку затоа што твојот систем, твојата систематизација, твоите началници, немаат ни „П“ од полициска етика, морал и знаење. Секојдневно потфрлувате во основната – создавање на професионален полицаец – му се обрати Коцев на Спасовски.

Тој упати критики дека во МВР наместо поголем број на полицајци, се вработени луѓе од другите сектори.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа