За жал, веќе се навикнавме да гледаме се’ повеќе снимки од дронови на воените жаришта во Украина на кои истите испуштаат гранати на војниците по рововите.
Најчесто тие видеа се исклучително потресни и истите имаат трагичен крај.
Но, очигледно дроновите понекогаш се користат и за испорака на далеку понеопасен и помалку експлозивен товар, како на пример тегла со шеќер, на шега коментираат „твитерџиите.
Токму ова го снимија Украинците кога на војниците во рововите им испорачаа нешто за заблажување.
Не е познато каде точно настанало ова видео, а осамна на најпознатиот украински твитер-профил Nexta TV.