Ахмети има трауми од Апасиев! Упати остра закана кон Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ да не сонува за мнозинство со Левица
Претседателот на ДУИ Али Ахмети, во својот говор во гостиварско Чегране, зборуваше за руското влијание во земјава, објави ТВ21.
Ахмети рече дека мора да се биде внимателен, затоа што Москва се обидува да има влијание во земјава, а му порача на ВМРО-ДПМНЕ да не сонува дека ќе обезбеди 61 пратеник со Левица.
„ВМРО-ДПМНЕ греши ако мисли дека со Левица ќе направи мнозинство со 61 пратеник и да ја марганилизира ДУИ, наводно нивната единствена пречка. Прават многу грешки и нека не сонуваат за такво нешто“, рече Ахмети кој додаде дека ни треба единство за членство во ЕУ.
Тој се осврна и на недоразбирањата во ДУИ по формирањето на таканаречената „огнена група“.
„Јас не сум пион во шаховските фигури, или сум командант, или водач, или воопшто не сум. Немам лутина или омраза бидејќи ништо лошо не им се случило на моите пријатели и се трудев да бидам еднаков со сите. Се борев и за различното мислење.Така што ДУИ никогаш не била посилна и цели тимови работеле во континуитет, ДУИ создаде институции кои никој не може да ги уништи“, рече Ахмети.