Бившиот ги избрка жената и детето заради НЕА, а сега синот на Мајкл Џордан се затреска КОНТРОВЕРЗНАТА БРИНЕТА

68

Деталите од аферата шокираат!



Озлогласената љубовница има нов плен.



Кога пред неколку месеци се дозна за врската меѓу Ларса Пипен (48) и Маркус Џордан,  кој се родил речиси 17 години по неа,многумина предвидуваа дека романсата ќе трае кратко. Но, фотографиите од овој пар би можеле да сугерираат поинакво сценарио.

Почетокот на нивната врската го одбележа шокантна приказна. Магазинот US Weekly напиша дека пред да го шармира своето момче, таа флертувала со неговиот татко, познатиот кошаркар Мајкл Џордан, но можеше да се слушне и дека славниотвспортист, кој е во брак со Ивет Прието, всушност ја заведувал познатата бринета.

Појавувањето на Ларса и Маркус во познато њујоршко кафуле беше потврда на шпекулациите дека тие двајца се во врска. Подоцна се видени заљубени, прегрнати, како вистински вљубен пар. Засега нема индикации за крај на нивната емотивна врска.

Маркус, кој важеше за познат и посакуван ерген, остава впечаток на „лудо“ заљубен маж, а многумина се прашуваат дали Ларса кај него ќе ја најде среќата што ја пропушти во бракот со познатиот кошаркар Скоти Пипен.

Бракот на Ларса и Скоти Пипен официјално заврши во 2021 година, речиси две и пол децении по нивната венчавка. Имаат четири деца.

Таа ги демантираше гласините дека го изневерувала својот поранешен сопруг, а во центарот на вниманието беше и поради краткотрајната и контроверзна врска со 22 години помладиот кошаркар Малик Бисли, кој ги исфрли сопругата и детето од дома заради неа, што беше повеќе од срамен и апсолутно неприфатлив чин.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Пристапете директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа