СРБИТЕ НЕ ГО ДАВААТ ЃОРЃИЈА ПУЛЕВСКИ! Се викал Џорџе и бил  „РОДОЉУБ СРПСКИ“!? Провокација од портал на Србите во Македонија

undefined

Изразуваме надеж дека ставот на „СПОНА – Српски културно информативен центар“ не е став на официјален Белград и не е став на пријателскиот српски народ кој има високо изградена свест дека туѓото не се чепка. МЗГ очекува извинување од страна на СПОНА, како и од сите политичари кои се членови на оваа организација“ – се вели во соопштението на Месната заедница Галичник.

Огранизацијата Месна заедница Галичник реагира на објава на порталот „Срби.орг.мк“, гласило на организацијата на Србите во Македонија СПОНАво која македонскиот просветител, книжевник и реформатор Ѓорѓија Пулевски се претставува како „Српски родољуб“, притоа повикувајќи се на негови писма со кои тој барал финансиска помош во Белград за печатење на своите книги, за кои се оценува дека се почеток на создавањето на македонскиот литературен јазик.

Месната заедница Галичник вели дека „во името на секој галичанец и секој Македонец изразува сериозен протест за дрската и навредливата објава на организацијата на Србите во Македонија СПОНА, која се однесува на великанот Ѓорѓија Пулевски.

„Грабањето и крадењето на македонскиот национален идентитет со векови е „спорт“ кој го практикувале нашите соседи, а особено кога се работи за нешто што потекнува од центарот на македонската култура, уметност и столб на македонскиот национален идентитет – Галичниксе вели во реакцијата на МЗГ.

Во објавата на СПОНА од 11 јануари под наслов „Ѓорѓе Пуљевски – родољуб српски – и његова писма за помоћ штампања његових речника у Београду“ Ѓорѓија Пулевски се претставува како писател на кратки дела, лексикограф, историчар, доброволец во српската војска и револуционер.

„Пулевски е автор на првата печатена македонска граматика и автор на еден од првите речници на македонскиот дијалект, претеча (претходник) на денешниот македонски литературен јазик“ – се вели во објавата.

Неговите идеи и ставови, значајни за историјата на српскиот народ од Македонија, изразени се во писма до српскиот министер за образование (1872) и до кнезот Милан IV Обреновиќ (1874), кои претставуваат барања за печатење на споменатите четири и тријазични речници во државната печатница во Белград – се вели во објавата, во која се објавува и факсимил од писмо на Пулевски до Милан Обреновиќ.

„Втората објавена книга на Пуљевски е „Речник на три јазици; (или тријазичник), објавен и во Белград во 1875 г. Ова дело е особено значајно поради неговата јасна концепција и отворено претставената идеја за македонскиот народ и македонскиот јазик како посебни во словенскиот свет“ – се заклучува во текстот на порталот на српската организација.

Според МЗ Галичник, желбата да се присвои Ѓорѓија Пулевски останува само желба и за истата имаат разбирање.

„Големец како него ниту имале ниту ќе имаат. Останува само желба, бидејќи секој кој знае да чита ќе прочита од самиот Пулевски: Народ се вељид људи који се од еден род и који зборувајед еднаков збор, и који живувајед и кои се другарад еден со други, и који имајед једнакви обичаји и песни и весеља, тије људите ји викајед народ, а место во које живувад народ, се вељид отечество од тои народ. Така и Македонциве се народ и местово њивно је Македонија, напишал Ѓорѓија Пулевски во Тријазичникот од 1875 година“ – потсетуваат од МЗ Галичник во својата реакција.

Тие велат дека немаат никаква потреба ниту да додаваат ниту да одземат зборови на тоа што Пулевски го напишал пред 150 години.

„Изразуваме надеж дека ставот на „СПОНА – Српски културно информативен центар“ не е став на официјален Белград и не е став на пријателскиот српски народ, кој има високо изградена свест дека туѓото не се чепка. МЗГ очекува извинување од страна на СПОНА, како и од сите политичари кои се членови на оваа организација“ – се вели во соопштението на Месната заедница Галичник.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа