ВЛАДИМИР Путин вчера нареди нова промена во неговиот воен кабинет, со деградирање на шефот на силите во Украина. Генералот Сергеј Суровикин, кој го доби прекарот Генерал Армагедон поради употребата на брутални тактики за време на руската интервенција во Сирија, на 8 октомври беше именуван за главен воен командант на Русија. Путин вчера го смени Суровикин со генерал Валериј Герасимов, началник на рускиот Генералштаб.
Путин го нападна вицепремиерот и министер за економија и трговија Денис Мантуров за време на владината видео конференција поради тоа што не набавил воени и цивилни авиони и го обвини дека „се шегува“. Го обвини дека глумел будала затоа што за време на Нова година летал во Турција, земја од НАТО, на одмор.
На видеото се гледа како вознемирен Путин изјавува: „Нема договори. Што ќе ми кажеш? Знам дека нема договори во компаниите, ми рекоа директорите. Зошто се шегуваш?“ Тој му рече на министерот дека има еден месец да го реши нередот што доведе до недостиг на воени авиони и неуспехот да се испорача нови авиони на цивилните компании погодени од западните санкции.
„Сето ова мора да се заврши во рок од еден месец, ве прашувам, за еден месец… Зарем не разбираме во какви услови живееме? извика Путин. Мантуров слушаше сè со наведната глава.