НЕ УРСУЛА НЕМА ДА И ТЕКНЕ ВЕЌЕ ДА ДОЈДЕ!Скандал во СОЗР: Не биле вработени во службата, а извршувале работни задачи – загрозена била безбедноста на високи државни функционери и странски делегации
Во повеќе медиуми е објавен оглас за вработувања во Службата за општи и заеднички работи, која среде криза се вработуваат 100-тина нови луѓе со објаснување дека е „зголемен обемот на работа“ на службата.
Иако сам по себе овој оглас е скандалозен имајќи во предвид дека 100-тина луѓе се вработуваат среде економска и енергетска криза и дополнително се оптеретува државниот буџет тоа не е се.
Неофицијално според извори на Инфомакс дел од лицата кои конкурирале и се вработиле на огласот се појавувале на работните места и добивале работни задачи и пред да бидат официјално вработени во СОЗР.
Се работи за скандал од невидени размери имајќи во предвид дека СОЗР е одговорно за превоз на министри, премиерот и други високи државни функционери и странски делегации, но е одговорна и за кујната во Владата и исхраната на голем број македонски, но и странски функционери, а информациите во кои дел од овие вработени имале увид се службена тајна.
Главен готвач за ВИП личности, слаткар, салатери, кафе кувари, келнери, шофери, вулканизери, автомеханичари извршувале работни задачи како да се вработени со што директно била загрозена безбедноста на високи државни функционери од луѓе кои не се вработени во СОЗР, а извршувале работни задачи.
Со ваквото постапување во СОЗР според познавачите на работењето на Службата директно била загрозена безбедноста на државните функционери, но и на странските гости и делегации за кои неовластени лица, односно лица кои се уште не биле вработени во службата готвеле, ги служеле и биле директно одговорни за нивната безбедност во сообраќајот.
Да се потсетиме дека во изминатиот период Македонија ја посети германскиот претседател, Франк-Валтер Штајнмајер, но и претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен. Доколку нешто се случеше при посетата на овие високи претставници кој ќе беше одговорен? Лицата кои не биле вработени во СОЗР и кои не смееле да имаат пристап до храната и автомобилите на овие странски делегации сигурно не би биле виновни.
Со Службата за општи и заеднички работи раководи Пеце Мирчевски кој е директно одговорен за неовластените лица кои извршувале работни задачи.
Mирчевски во Службата за општи и заеднички работи на Република Македонија го замени Васе Доневски уште во јуни месец 2017-та година и оттогаш е на оваа работна позиција.
Во август месец минатата година, Мирчевски се најде на мета на Комисијата за спречување на корупција откако Владата преку МНР ја задолжила СОЗР преку туристичка агенција да обезбеди сместување и превоз на новинарите кои што ќе присуствуваат и известуваат на заедничката седницата помеѓу Владата на Македонија и Владата на Бугарија што се одржа во Бугарија 24 и 25 јануари 2022 година, а наместо тоа директорот на СОЗР Пеце Мирчевски на список ставил вработени од службата, а за патните налози тој самиот ставил потпис во улога на наредбодавател за исплата.
Според ДКСК упатени на службено патување биле 5 вработени од СОЗР како и директорот Пеце Мирчевски, а со цел извршување на работни задачи надвор од седиштето на Службата. Патувањето го реализирале со 3 службени возила од СОЗР. За петте вработени, од приложните патни налози пресметката за дневниците и трошоците било во висина од 20%, согласно уредбата за издатоци на службени патувања, а пресметката на директорот е во висина од 50% од дневницата согласно истата уредба. Од ДКСК велат дека Мирчевски ја злоупотребил својата положба и овластување и за други патувања во странство и користење службени возила за приватни цели.