Холштајн: Уставните измени немаат алтернатива, боли и делува нефер, но тоа е чекор кој едноставно мора да се направи ако сакате во ЕУ

19

Германската амбасадорка Анке Холштајн деновиве си заминува од Македонија. Куферите и се спакувани, а во ова последно интервју за Независен.мк ги пренесе своите очекувања за нашата држава и препораките, бидејќи според неа Германија е ценет партнер во земјата и тоа што ќе каже, наидува на слух и има тежина.

 



Според Холштајн, кога дошла можела да се обложи дека за време на германското претседавање со ЕУ ќе почнат преговорите со Македонија, но тоа не се случи. Сега, вели таа, не постои алтернатива за уставната промена што би требало да се случи годинава за која смета дека содржински на ниту еден начин не е болна за Македонија. Но, додава таа, целиот процес е болен бидејќи еднаш ни беше ветено за Преспанскиот договор дека ако  направиме уставна измена тоа ќе биде доволно за да се отвори патот не само кон НАТО, туку и кон ЕУ.



Дознај повеќе

 

„И сега уште еднаш да мора да се промени Уставот, и тоа боли и делува нефер, но верувам дека на крајот тоа е чекор кој едноставно мора да се направи. Сите на кои им е важна европската иднина на земјата би требало да соработуваат натпартиски: Иднината на земјата мора да е над интересите на поединечните партии“, порачува Холхтајн.

Дали вреди сето тоа? „Прашајте ги Хрватите дали вреди приемот во ЕУ. Тие ќе ви потврдат, дека тој донесе многу позитивни нешта. Од први јануари нема граници со Шенген-зоната и во Хрватска се воведе еврото, нешто што ќе го поттикне туризмот во земјата. Тоа е пример што се надеваме дека Северна Македонија ќе го следи за неколку години“, вели Холхтајн посочувајќи дека слоганот на ЕУ е  „Единство во разноликост“, а Македонија со својот јазик и култура ќе ја збогати дополнително оваа разноликост, на која се горди.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Пристапете директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа