Дали заедно со Заев наумиле да ја рушат Левица? Мицкоски: Најдоцна до почетокот на февруари ќе се формира техничка влада, во втората половина на мај ќе има избори
Божиќно расположение кај Мицкоски: Најдоцна до почетокот на февруари ќе се формира техничка влада, во втората половина на мај ќе има избори
– Апсолутно остануваме на барањето за предвремени извори, за да може да тргне земјата напред. Да се обединиме околу тоа и да поддржиме предвремени избори најдоцна кон средината или втората половина на мај. Имајќи го предвид карактерот на ДУИ и СДСМ, опструираното судство и обвинителство, методите на кои се подготвени за да ги задржат фотелјите, не би одел со имиња. Ценам дека ова што нас нѐ охрабрува и нивните позиции за предвремени избори ќе додржат до крај и кон крајот на јануари, најдоцна почетокот на февруари ќе изгласаме распуштање на Парламентот, средината на февруари формирање техничка влада и избори втората половина на мај – рече Мицкоски.
Тој ги квалификува уставните измени како предавство.
– Тоа не е обединување, тоа е предавство и тоа требаше некој да го мисли пред да го договара. Ние не излеговме на избори ветувајќи им на граѓаните промена на Устав, не излеговме на избори ветувајќи им на граѓаните потпишување капитулација и предавство. Тој што тоа го потпишуваше треба да знае дека нема услови да го испорача. Тоа е токму еден од тие моменти кои внесуваат раздор меѓу македонскиот народ. Но, македонскиот народ е мудар и ако ги погледнете сите мерења на јавното мислење, ќе видите дека огромно мнозинство, повеќе од три четвртини, се противи на таквиот чин. Да бидеме чесни и да се обединиме околу чесноста кон граѓаните, а за тоа ни се потребни брзи предвремени парламентарни избори на кои секој од нас ќе излезе со програма и со свој начин на решавање на овој проблем, па граѓаните нека одлучат. Сега проблемот го имаме, ни го донесе оваа Влада на ДУИ и СДСМ и сега треба да го решаваме ако сакаме да одиме напред и да обезбедиме држава каква што заслужуваат нашите граѓани – истакна Мицкоски.