САД И РУСИЈА СТАВААТ КРАЈ НА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА

Шефовите на одбраната на САД и Русија ја обновија комуникацијата

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин денеска телефонски разговараше со својот руски колега, министерот за одбрана Сергеј Шојгу, за ситуацијата во Украина, соопшти Пентагон.

Остин и Шојгу разговарале за „меѓународните безбедносни проблеми, особено за ситуацијата во Украина“, се вели во објавата на руското Министерство за одбрана на Телеграм утрово.

За време на повикот, Остин „ја истакна важноста од одржување на линиите на комуникација во услови на тековната војна против Украина“, рече портпаролот на Пентагон, бригадниот генерал Пет Рајдер.

Ова е само втор пат двајцата да разговараат по почетокот на руската инвазија на Украина во февруари.

Првиот нивен разговор беше на 13 мај, кога Остин, наводно, го повикал својот руски колега да размисли за прекин на огнот, што Москва го игнорираше.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа