„ПЛАТИ НИ“ Ретко видео од незадоволни руски регрути: Ги оставивме семејствата поради мобилизацијата на Путин (ВИДЕО)

Група Руси од областа Омск во југозападна Русија јавно ги повикаа властите да им платат на мобилизираните. „Скај њуз“ наведува дека станува збор за ретко видео кое го покажува незадоволството на мобилизираните Руси.

Во видеото објавено од порталот СОТА, група мобилизирани велат дека ги оставиле своите семејства дома за да се приклучат на мобилизацијата на Путин, која беше најавена минатиот месец.

 

Човек во воена униформа на видеото вели: „Имаме прашање. Прво – дали ќе има плата за оние што се мобилизирани? Зборувам за материјалната помош што им е потребна на нашите семејства, тие треба да се прехранат. Може да не пратат од овде и не знаеме што ќе биде со нас.Тоа е нашето прво прашање бидејќи знаеме дека во другите региони плаќаат мобилизирани и се е стабилно“.

– Секако, се надеваме на најдоброто и подготвени сме да одиме. Ние сме тука, поддржете нас и нашите семејства – вели мобилизираниот Русин.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа