Поради зголеменото ниво на терористички закани на Крим, безбедносните празнини мора веднаш да се отстранат, изјави секретарот на Советот за безбедност на Русија Николај Патрушев.
Рускиот претседател Владимир Путин може да најави „промена на статусот на специјалната операција“ во Украина. Ова го пренесуваат меѓународните медиуми.
Ова најверојатно ќе се случи во новото обраќање на шефот на државата до нацијата подоцна денеска.
Овој потег се очекува откако претходно денеска Путин потпиша закон за приклучување на четирите делумно окупирани украински региони кон Русија , завршувајќи го официјалниот процес на анексија на Народните републики Доњецк и Луганск, како и на регионите Керсон и Запорожје.
Овој чекор беше постигнат откако на крајот на септември беа одржани референдуми за приклучување кон Русија на окупираните територии , при што над 85 отсто од нивните жители гласаа „за“ . Сепак, Украина и Западот беа категорични дека нема да ги признаат резултатите бидејќи ги сметаат референдумите за нелегитимни.
Секретарот на Советот за безбедност на Русија, Николај Патрушев, изјави дека поради зголеменото ниво на терористички закани на Крим , безбедносните празнини треба веднаш да се отстранат.
Од своја страна, шефот на полуостровот Сергеј Аксјонов претходно предложи по присоединувањето на нови региони во Русија, таму да се спроведе антитерористичка операција.
Русија започна воени операции во Украина во февруари. Додека Западот го нарече конфликтот како „војна“, сепак, Москва остана на терминот „специјална операција“.
Владимир Путин засега не планира обраќање до рускиот народ на тема „промена на специјалната воена операција“ во Украина. Ова стана јасно од зборовите на претседателскиот портпарол Дмитриј Песков.
Сепак, Песков категорично ги негираше овие тврдења, нарекувајќи ги „лажни“.
„ Не, тоа нема да се случи! Ова се лажни вести . Не е донесена одлука за промена на статусот на специјалната воена операција во Украина во антитерористичка“, категоричен беше Песков.