Ле Пен: Санкциите на ЕУ против Русија го казнуваат францускиот народ

Санкциите на Европската унија не успеаја да ја погодат Русија, но затоа го казнуваат францускиот народ, изјави денеска за ТВ BFM, Марин Ле Пен, шеф на пратеничката група на Националното собрание во долниот дом на францускиот парламент.

Марин ле Пен

– Санкциите не функционираат, згора на тоа се контрапродуктивни. Реалноста е дека санкциите доведоа до зголемување на приходите на Русија од извозот на нафта за 40 милијарди евра – изјави Ле Пен, а пренесува агенцијата ТАС С.

Таа посочи дека санкциите на ЕУ всушност го казнуваат францускиот народ кој годинава го очекува тешка зима.

Според неа, „одговорноста е на оние кои ги донеле тие одлуки“.

Рускиот претседател Владимир Путин започна руска воена операција во Украина на 24 февруари, а како одговор, западните земји воведоа големи санкции кон Русија.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа