„НАТО НЕ Е ОБВРЗЕН ДА ЈА БРАНИ УКРАИНА“ Нож во грб до Киев од Германија

25
НАТО не е обврзан да и дава одбранбена помош на Украина, бидејќи таа земја не е членка на алијансата, вели постојаниот претставник на Германија во НАТО, Ридигер Кениг.





Тој во интервју за „Дер Шпигел“ рече дека нема колективни обврски што би значеле „дека сите ќе и помогнеме на Украина да се одбрани“ .

– Во никој случај не сакаме НАТО директно да учествува во оваа војна – рече Кениг, како одговор на коментарот дека претседателот Владимир Зеленски постојано барал помош.

Според дипломатот, во спротивно „може да започне голема војна во која ќе бидат вклучени 30 земји одеднаш“ .

Истовремено, тој истакна дека Алијансата секојдневно разговара за конфликтот во Украина. Покрај тоа, некои земји-членки на организацијата му даваат финансиска помош на Киев и снабдуваат оружје.

Можеби ќе ти се допаѓа
My Blog