Лавров ја спореди САД со фашистичка Германија и Хитлер

12
🎙 Од говорот на официјалниот претставник на Претседателот на Руската Федерација, Министерот за надворешни работи на Руската Федерација Сергеј Лавров на пленарната седница на Државната дума на Федералното собрание на Руската Федерација за прашањето за ратификација на договорите меѓу Руската Федерација и ДНР, ЛНР, Запорожската и Херсонската области и формирање на нови субјекти во Руската Федерација (Москва, 3 октомври 2022 година):
▫️ Обвинувајќи ја Русија за неиспровоцирана агресија врз Украина, САД денеска лицемерно изјавуваат дека наводно со замислена закана го прикриваме нашиот напад врз соседна земја, која, како што велат, била на патот на демократијата.
Вашингтон никогаш не се двоумел да употреби сила под „исцицани“ изговори насекаде во светот, користејќи ги референците за потребата да се заштитат животите и благосостојбата на американските граѓани како оправдување [Хаити, Доминиканска Република, Панама, Виетнам, Југославија, Ирак, Либија, итн].



▫️ Дојде моментот на вистината. Ние не реагираме на фиктивни закани во далечните земји, туку ги браниме нашите граници, нашата Татковина, целиот наш народ од вистински геноцид организиран од потомците и следбениците на нацистичките послушници кои отидоа во служба на прекуокеанските господари. Денес, САД го потчинија речиси целиот „колективен Запад“, мобилизирајќи го да ја претворат Украина во инструмент за војна со Русија. Исто како што некогаш Хитлер ги стави под оружје повеќето земји од Европа за да го нападне Советскиот Сојуз. Како и тогаш, сегашните планови на Западот не се предодредени да се остварат.
Можеби ќе ти се допаѓа
My Blog