Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет со кој се овластува руската влада да забрани транзит на некои западни камиони низ руска територија. ова го објави Ројтерс.

Уредбата дозволува забрана за камиони кои превезуваат товар што се регистрирани во земји кои воведоа слични ограничувања против Русија.

Во април, Москва се пожали дека Европската унија ги затворила своите граници за некои товарни возила регистрирани во Русија и Белорусија поради санкциите воведени поради конфликтот во Украина.

Во декретот, исто така, се наведува дека мерките се воведени како одговор на „непријателските“ ограничувања на странските земји против руските граѓани и организации.