Грците на мета на Путин! САД пренесуваат оружје во Украина преку грчкото пристаниште Александрополис

312

Грчкото пристаниште Александрополис стана важен геополитички објект, бидејќи САД преку него и доставуваат оружје на Украина. Американските компании сакаат да го приватизираат морското пристаниште во Грција, според EADaily .



Изборот на Александрополис како транзитна точка за испраќање воен товар на НАТО во Украина ги влоши американско-турските односи, бидејќи САД одбија да и помогнат на Турција. За Вашингтон, Анкара стана помалку сигурен сојузник, а Северноатлантската алијанса најде алтернативен пат за да обезбеди воена помош за Киев.



Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, уште во декември минатата година изрази загриженост дека НАТО пренесува опрема преку грчко пристаниште во Украина.



Во 2011 година, турскиот водач Реџеп Таип Ердоган рече дека формирањето на американска воена база во Александрополис покажува дека Грција станува американска база.