Најмалку 109 лица се уапсени во Русија за време на протестите против најавената мобилизација
Веста за делумната воена мобилизација во Русија предизвика протести во Сибир и на Далечниот Исток. Протести има и во главниот град Москва. Се соопштува дека се уапсени десетици.
Најмалку 109 лица се уапсени во Русија за време на протестите против најавената мобилизација, јавува Би-Би-Си, повикувајќи се на организации за човекови права.
Независната група ОВД-Инфо изјави за Ројтерс дека знаела за апсења во најмалку 15 различни градови. Во Русија протестите кои не се конкретно одобрени се сметаат за нелегални.
Претседателот Путин мобилизира стотици илјади да бидат испратени да се борат во Украина. Рускиот претседател го обвини Западот дека сака да ја уништи Русија и рече дека резервистите се важни за заштита на земјата.
Мобилизацијата започна од денеска. 300 илјади луѓе ќе добијат покани. Резервистите во Русија кои служеле во последните 5 години се 2 милиони.