Активно се разговара за прогласувањето на болеста на Путин и привременото пренесување на неговите овластувања во Советот за безбедност, изјави рускиот публицист Андреј Пионтковски.
Создаден е план за отстранување на Владимир Путин од власт во Русија. Кремљ има намера да објави дека е „болен“ за да го оправда потегот. Ова го изјави рускиот публицист Андреј Пионтковски, цитиран од агенцијата УНИАН.
„Во руската елита активно се разговара за прогласувањето на болеста на Путин и привременото пренесување на неговите овластувања на колективното тело – Советот за безбедност. Иницијатор на оваа идеја е Јуриј Валентинович Ковалчук, кој е еден од најблиските луѓе на Путин“, изјави Пионтковски.
„Тој ја води целата негова огромна финансиска империја и исто така е негов гуру за надворешна политика. Ковалчук е класичен ултрафашист со екстремни империјални ставови, идеолог на војната со Украина и Западот, што е одмазда за поразот на СССР. Токму тој го турна Путин во војна со Украина“, рече Пионтковски.
Во исто време, Пионтковски истакна дека главната задача на Ковалчук е да ја зачува моќта и сопственоста на целата владејачка група.
„Ковалчик е паметна личност. Тој разбра дека Русија губи и во оваа ситуација одлучи дека е исправен пред задача да ја зачува моќта и сопственоста не само на својата, туку и на целата владејачка група“, рече аналитичарот. Негативниот однос кон Путин постепено расте поради масовниот неуспех на руската армија во Украина.