ВОЕНИ ИГРИ Русија среде војна Вежби КАЈ АМЕРИКАНСКИОТ БРЕГ: Драматичен момент на истрелување проектили од НУКЛЕАРНИ подморници (ВИДЕО)
Како што пишува „Сан“, во страшна демонстрација на сила, проектил е истрелан во близина на американската сојузна држава Алјаска , додека силите на рускиот претседател Владимир Путин претрпуваат понижувачки порази во војната во Украина .
Околу 30 воени бродови учествуваа во вежбите во Баренцовото и Лаптевското море, област каде Москва има стационирани значителни воени средства. Ракетите Гранит и Оникс беа забележани како лансирани од Северниот поморски пат, стратешки премин за бродови што ги поврзува Европа и Пацификот.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека проектилите „погодиле комплексна морска цел имитирајќи одред од воени бродови на лажен непријател, на оддалеченост од над 400 километри“.
„Сан“ наведува дека неодамна се појавиле стравувања дека Русија „значително го зголемила“ своето воено присуство на Арктикот и дека Путин сака таму да ги контролира трговските патишта и природните ресурси. Путин повторно ги отвори воените бази длабоко во Арктичкиот круг за да ја зацврсти контролата врз замрзнатата пустелија богата со ресурси.