Портпаролот на Белата куќа подоцна појасни дека позицијата на САД за Тајван не е променета
Претседателот Џо Бајден во неделата изјави дека американската војска ќе се вклучи во одбрана на Тајван доколку Кина изврши напад на островот. Ова е најјасното и најнагласеното предупредување досега од шефот на американската држава на оваа тема и кое не е исклучено да го налути Пекинг.
Забелешките на Бајден дојдоа како одговор на новинарското прашање кое му беше поставено за време на интервјуто за Си-Би-Ес дали Соединетите Држави ќе го бранат Тајван доколку Кина изврши инвазија.
Портпаролот на Белата куќа подоцна појасни дека позицијата на САД за Тајван не е променета во однос на наведената намера на шефот на американската држава.