ВМРОВЦИТЕ ДЕТОИРАА МЕГА ЕКСПЛОЗИЈА КОВАЧКИ ИЗВАДИ ДОКУМЕНТ ЗА КОВАЧЕВСКИ Го обвини премиерот дека не служел воен рок поради „трајна неспособност“

86

Или Ковачевски го злоупотребил влијанието на татко му кој тогаш бил градоначалник на Куманово и партиски функционер на СДС и добил лажно лекарско мислење, или тој навистина е трајно неспособен, рече Ковачки.



Димитар Ковачевски, премиер на Македонија, го избегнал отслужувањето на воениот рок, правдајќи се со лекарско мислење дека е „трајно неспособен“ за служење војска, изјави денеска Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ покажувајќи документ за кој тврди дека е извадок од евиденциона книга на АРМ, објавен на социјалните мрежи.

– Од овој документ јасно се гледа дека Ковачевски од страна на лекари е прогласен за трајно неспособен. Ова води до два заклучока. Или Ковачевски го злоупотребил влијанието на татко му кој тогаш бил градоначалник на Куманово и партиски функционер на СДС и добил лажно лекарско мислење, или тој навистина е трајно неспособен. Доколку Ковачевски не лажел и не се служел со измама, тогаш ние за премиер на државата имаме трајно неспособен човек, а самата дијагноза кажува дека неговата неспособност не може да се отстрани, т.е. дека таквата состојба кај него е трајна, што значи дека истата може само да се влошува – рече Ковачки.

Ковачки го повика Ковачевски да даде оставка.