Мали групи украински војници се обиделе да ја преминат реката Ингулетс со мали гумени чамци опремени со мотор, но кога се приближиле до областа што ја контролира руската војска веднаш биле под силен оган, јавуваат светските медиуми.

Станува збор за две мали групи од по 6 луѓе кои користеле многу необични тактики при преминувањето на реката Ингулет.

Судејќи по снимката која ја снимила самата украинска војска, нивниот план бил откриен и тие биле нападнати.

Не се знае точно кога е снимена оваа снимка, но според голем број извори, таа е снимена во близина на селото Андреевка во регионот Керсон, каде една од групите ВСУ веќе била поразена претходно.