УКРАИНСКАТА ВОЈСКА ПРЕЗЕМА КОНТРОЛА НА ВАЖЕН ГРАД: Објавени видеа – симнуваат и фрлаат руски знамиња! (ВИДЕО)
Украинската армија објави дека го ослободила градот Балаклија од руските сили во источна Украина во областа Харков.
Украинското знаме беше подигнато над градското собрание во тој град.
Објавени се и видео снимки на кои се гледа како украинските сили влегуваат во Балаклија со возила БМП-1, како и видеа на кои се гледа отстранувањето на руското знаме и подигнувањето на украинското знаме.
Според објавите на социјалните мрежи, руските војници оставиле три оклопни возила на еден дел од фронтот додека се повлекувале од регионот Харков.
Тогаш украинската армија објави дека влегла во градот Шевченково во регионот Харков во Украина.