„Најважните настани на Обединетото Кралство во поновата историја се поврзуваат со името на кралицата Елизабета Втора. Многу децении таа заслужено уживаше во љубовта и почитта на своите поданици, како и авторитет на светската сцена. Првите зборови на Путин за смртта на Елизабета Втора

Ова се наведува во официјалното писмо на рускиот претседател Владимир Путин упатено до новиот крал на Велика Британија, Чарлс Трети.

Кралицата Елизабета Втора, најдолготрајниот модерен монарх во историјата, почина на 96-годишна возраст. Таа беше на тронот на Велика Британија цели 70 години.

Најстариот син на кралицата Елизабета Втора, принцот Чарлс, ќе ја преземе нејзината позиција како крал на Обединетото Кралство, пишува Би-Би-Си. Кларенс Хаус потврди дека ќе го земе името кралот Чарлс III.

Наследник на тронот на Велика Британија е принцот Вилијам, кој исто така станува војвода од Корнеул.