Рускиот претседател вчера изрази сочувство за смртта на кралицата, која почина на 96-годишна возраст
Рускиот претседател Владимир Путин не планира да присуствува на погребот на Елизабета Втора, што се очекува да се одржи во Лондон во рок од десет дена, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесе АФП.
„Не е планирано патување“, кратко рече Песков пред новинарите.
Путин вчера изрази сочувство за смртта на кралицата, која почина на 96-годишна возраст.
Портпаролот на Кремљ денеска изјави дека во моментов нема информации дали претставник на руската влада ќе присуствува на погребот на Елизабета Втора, особено со оглед на фактот што деталите за церемонијата се уште не се објавени од канцелариите на новиот крал Чарлс. III.
„Сето тоа на еден или друг начин треба да биде објавено од канцелариите на кралот, од властите на Обединетото Кралство“, посочи Песков.
Иако на новинарите им кажа дека покојната кралица се одликувала со квалитети како што се мудрост и авторитет, Песков нагласи дека таа не зазема „посебно место во срцата на Русите“.