Заев уште не може да се помири дека дебело го јаде од Мицковски на локални и ги изгуби сите големи општини! 75 ОТСТО СЕ ПРОТИВ РЕФЕРЕНДУМОТ, ДРУГИТЕ СЕ ЧЛЕНОВИ НА ВМРО-ДПМНЕ Заев проговори за уставните измени во Македонија

643

Тоа е препознаено од сите граѓани, над 75 проценти се против ваквата иницијатива за референдум, а другите 25 отсто ги има бидејќи тоа се членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Во светот нема да најдете никаде некој кој би бил против пријателство, добрососедство, соработка. Нашиот македонски народ и сите етнички заедници во Северна Македонија нема да го поддржат тоа, рече Заев на конференција на која на бугарскиот европратеник Илхан Ќучук му беше доделена титулата почесен доктор на науки.



Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија е препознаен од сите граѓани и над 75 проценти се против иницијативата за одржување референдум за неговото поништување, покрената од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Ова денеска го изјави поранешниот премиер и потписник на Договорот, Зоран Заев,одговарајќи на новинарски прашања на маргините на Конференцијата „МКБГ2023: Младите и образованието како клуч за посилно евроатлантско сојузништво“, на која свечено му беше доделена титулата почесен доктор на науки (Doctor Honoris Causa) на Илхан Ќучук, европратеник и известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија.

– Тоа е препознаено од сите граѓани, над 75 проценти се против ваквата иницијатива за референдум, а другите 25 отсто ги има бидејќи тоа се членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Во светот нема да најдете никаде некој кој би бил против пријателство, добрососедство, соработка. Нашиот македонски народ и сите етнички заедници во Северна Македонија нема да го поддржат тоа – рече Заев.

Во врска со тоа дали во земјава има политича волја за измени во Уставот и за внесување на бугарското малцинство, Заев изрази верување дека има, нагласувајќи дека во нашиот Устав има седум етнички заедници, а дека со измените станува збор за впишување на наши граѓани со бугарска, црногорска, хрватска самосвест.

– Сметам дека тоа прашање, кое треба да се реши час поскоро. Хрватска која е земја членка на ЕУ на пример во нејзиниот Устав има 24 етнички заедници. Ние го разбираме бугарскиот Устав, тој е поразличен од нашиот Устав, е по линијата на Франција, САД и други, а ние сме мултиетничка земја и верувам дека тоа наскоро ќе го сториме и ќе чекориме кон отворање на поглавјата со ЕУ – истакна Заев.

Тој изрази задоволство од денешниот чин на доделување на титулата почесен доктор на Ќучук, кој, како што рече, работи не само за Северна Македонија, туку и во интерес на целиот регион.

– Тој е симбол на нашето пријателство и се надевам дека неговиот пример ќе го следат сите политичари и во Северна Македонија и во Бугарија – истакна Заев.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Пристапете директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа