Експлозија на Путин: Наместо во Африка Земјите од ЕУ ја „украа“ украинската храна наменета за сиромашните земји

Владимир Путин учествуваше на пленарната сесија на Источниот економски форум, тема на овогодинешниот настан насловен како – „На пат кон мултиполарен свет“.

„Мислам на санкциите на Западот, неговите нескриени, агресивни обиди се со цел да им наметне модели на однесување на другите земји, да им го одземе суверенитетот и да ги потчини на нивната волја“, нагласи Владимир Путин.

Путин особено внимание во својот говор посвети на Договор за Храна за кој смета дека не е испочитуван. Според него договорот од Истанбул склучен ова лето не им помага на земјите во развој и не ги постигнува зацртаните цели – речиси целата храна што ја извезува Украина во нејзините рамки оди во Европа, а не во земјите на кои им е потребна.

„Ако ја исклучиме Турција како земја посредник, тогаш целото, речиси целото жито што се извезува од Украина не се испраќа во земјите во развој и најсиромашните, туку во земјите на ЕУ.“

Рускиот претседател констатираше дека само 3% од украинската храна е испратена за земјите во развој, додека сета останата завршила во земјите членки на ЕУ, со што Западот прекрши уште еден договор.

„Според Светската програма за храна на ООН, која вклучува најмногу помош за сиромашните земји, беа испратени само два брода со храна. Дозволете ми да нагласам, само два брода од вкупно 87 завршија во сиромашните земји. Додека тие вкупно пренесоа 60.000 тони храна. Ова е само 3% од вкупната храна испратена за земјите во развој”.

Ваквата политика на европските земји Путин ја нарече продолжување на нивното колонијално минато.

Претседателот истакна дека зголемувањето на цените на светските пазари може да биде вистинска трагедија за повеќето од најсиромашните земји. Така, според ООН, ако во 2019 година 135 милиони луѓе во светот доживеале акутен недостиг на храна, сега нивниот број е искачен на 345 милиони.

„Најсиромашните држави целосно го губат пристапот до најважните прехранбени производи, бидејќи купувањето од развиените земји предизвикува нагло зголемување на цените“, рече Путин.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа