Турција тврди дека нејзините авиони кои учествувале во мисијата на НАТО во Егејското Море и Источниот Медитеран биле вознемирени на 23 август од ракетните системи С-300 лоцирани на грчкиот остров Крит.
„Одеднаш може да дојдеме една ноќ“. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ова го изјави денеска за време на посетата на Босна и Херцеговина како предупредување за Грција, пренесе Анадолија, цитирана од БТА.
„Тие имаат острови, има бази на тие острови… и ако продолжат овие нелегитимни закани против нас, нашето трпение е при крај“, рече Ердоган на прес-конференција во Сараево.
Турција тврдеше дека нејзините авиони кои учествуваат во мисијата на НАТО во Егејското Море и Источниот Медитеран биле вознемирени на 23 август од ракетните системи С-300 лоцирани на грчкиот остров Крит.
Запрашан за фразата што ја употреби претходно и за можноста за турска воена акција против сојузникот на НАТО Грција, Ердоган ја повтори истата фраза, според Асошиејтед прес.
„Ако она што го кажав е дека може да дојдеме ненадејно една ноќ, тоа значи дека кога ќе дојде време, може да дојдеме ненадејно една ноќ“, посочи турскиот претседател.
Турција и Грција имаат повеќедецениски спорови за низа прашања, вклучително и територијални претензии во Егејското Море и несогласувања за нивниот воздушен простор. Овие спорови трипати ги доведоа до работ на војна во изминатиот половина век, потсетува агенцијата.
Анкара вели дека Грција ги прекршува меѓународните договори со милитаризирање на грчките острови во близина на егејскиот брег на Турција.
Таа, исто така, ја обвини грчката противвоздушна одбрана дека радарот ги следи турските борбени авиони кои учествуваат во вежбата на НАТО во источниот Медитеран. Грција го негира ова тврдење.
Атина, од своја страна, исто така ја обвинува Турција за нарушување на нејзиниот воздушен простор.
„Има некои нелегитимни закани против нас, и ако овие нелегитимни закани продолжат, нашето трпение е при крај“, рече Ердоган, седејќи до тројцата членови на колективното претседателство на Босна.
„Кога ќе дојде време, ќе бидат преземени неопходните мерки бидејќи не е добар знак да се заклучат радарите на нашите авиони. Ваквите работи што ги прави Грција не се добар знак“, нагласи Ердоган.
Пред извесно време, тој рече дека турските сили би можеле „ненадејно да дојдат преку ноќ“ кога се закани со воена акција против курдските милиции во Сирија и Ирак, потсетува АП. Турција во последните години спроведе неколку воени операции против овие милиции.
Ердоган првпат ја употреби фразата во врска со Грција за време на авијацискиот фестивал во саботата.