Го враќаат членството на СДСМ во старите добри времиња! Максо и Бранко излагаат на следните избори со нова платформа
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски смета дека уставот не е тефтер да се отвара секој ден. Во врска со референдумот пак вели дека тоа е задоцнета работа. Тој уште еднаш потенцираше дека нема разговарано со Црвенковски за иницијативата за нова партија.
- Иако излезе во јавноста дека Црвенковски е вклучен во иницијативата, јас со господинот, кој многу го почитувам, немам разговарано на оваа тема. Иницијативата е отворена за сите. Првично позициите во новата политичка гарнитура ќе ги носат луѓе од образованието, бизнис фелата, земјоделството… луѓе кои претходно не вршеле политичка функција. Доколку сега излеземе со понуда, ќе излеземе како боксерка вреќа. Овој начин што го работиме во Куманово привклекува внимание. Кога ќе дојде време, ќе ги објавиме деталите, кажа Димитриевски во вестите на ТВ Сител.
-Уставот не е тефтер што се пишува или препишува секој ден. Сепак треба да постои реципроцитет. Што се однесува до прашањето за референдум, тоа мислам е задоцнета работа, додаде градоначалникот на Куманово на прашањето како ги коментира евентуалните уставни измени и внесување на бугарското малцинство во Преамбулата.