Украина веќе развива рути за евакуација за жителите на окупираниот Крим. Ова на Твитер го објави Михаило Подолијак, советник на украинскиот претседател, пренесува UNIAN.

Тој нагласува дека за Украина животите на нејзините граѓани се апсолутен приоритет.

„Затоа, ние веќе развиваме рути за евакуација за жителите на окупираниот Крим кои сакаат да го напуштат полуостровот за време на активната деокупација. Во меѓувреме, бараме од сите да останат што е можно подалеку од воените локации и да ги проверуваат засолништата“, вели Подолиак. .